Документарниот филм „АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА“ на Столе Попов во петок во Кинотека

Во петок на 10 мај 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан документарниот филм „АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА“ на Столе Попов.

Документарниот филм „АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА“ на Столе Попов е еден од најпрепознаените документарци во југословенската и македонска кинематографија. Филмот го одразува животот на македонските иселеници и печалбари во Австралија. Со нивното заминување во далечната земја, во туѓина, некои од нив успешно се социјализираат, а некои, пак, постојано остануваат со дилемата за своето враќање.


Филмот ги има добиено наградите:

1976 ФЈДКФ, Белград, Гранд При „Голем златен медал“ за Столе Попов
1976 ФФ, Тузла, Награда од публиката
1976 Годишна награда од списанието „Млад борец“
1976 Југословенски кандидат за Оскар
1976 13-Ноемвриска награда за тонската обработка на Глигор Паковски


АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА
(Australia, Australia)
Документарен филм, Македонија
1976, 71 мин, ДЦП
Режија: Столе Попов (Stole Popov)
Сценарио: Божин Павловски (Stole Popov)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 20.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои одличен почеток на работа. Соработниците би можеле да ви …