Добри вести за угостителите: „Ако состојбата остане стабилна можно е враќање на работното време до 21. часот“

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринското гостување во МТВ посочи дека угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот. На прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките после празниците Филипче потенцираше:

„Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Се уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите” – истакна Филипче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …