(ВИДЕО) Честитка од Пендаровски по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик!

Би сакал да им го честитам Божик на сите христијани кои го прославуваат денот на христовото раѓање.
Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божик. По повод празникот, претседателот Пендаровски упати писма со честитки до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, г.г. Стефан и до претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев.
Би сакал да им го честитам Божик на сите христијани кои го прославуваат денот на христовото раѓање.
Ви посакувам, деновите од празникот да ги минете во добро расположение, во мир, спокојство и радост. Божик е празник кој традиционално го славиме со најблиските и кога нашите домови се исполнети со луѓе со добра мисла. Но, годинава Божик го празнуваме во поинаква атмосфера, предизвикана од пандемијата поради што треба доследно да ги почитуваме пропишаните мерки за заштита.
Меѓутоа, тоа не не спречува да си посакаме убави работи. Да ги оставиме настрана гневот и омразата. Да комуницираме со другите луѓе со јазикот на љубовта, да си простуваме и да си помагаме. Да бидеме солидарни и сплотени. Само така ќе можеме да излеземе како победници не само во борбата со пандемијата, туку, и со сите други проблеми и потешкотии со кои животот не соочува.
Во вакви времиња, потребна ни е верба, позитивна енергија и меѓусебно почитување. Божикните празници нека бидат дополнителен мотив да истраеме наспроти сите искушенија. Од светлината и топлината на овој празник да црпиме сила, надеж и добра волја за да создадеме подобра сегашност и посреќна иднина.
Христос се роди!
Вистина се роди!
Нека е за многу години!


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …