ДОБИЛ 10.000 ЧЕСТИТКИ – Најстариот американски ветеран од Втората светска војна го прославил 111. роденден

Националниот музеј посветен на Втората светска војна во Њу Орлеанс бил домаќин на 111-от роденден на Лоренс Брукс, кој е најстариот ветеран од Втората светска војна.
Вокалното трио на музејот „The Victory Belles“ пеело неколку песни пред куќата на славеникот, додека Aeroshell Aerobatic Team и Big Easy Wing извеле лет над неговиот дом, објави Си-Ен-Ен.
Во претходните пет години,домаќин на прославата бил музејот, но прославата годинава беше прилагодена на условите на пандемијата на коронавирусите. Музејот очекувал да добие 500. до илјада роденденски честитки за Брукс, но тој број бил многу поголем – 10 000.
“Чест е да се има најстариот американски ветеран од Втората светска војна што живее во близина на нашата институција. Затоа беше важно за нас да продолжиме да го славиме неговиот роденден и оваа година”, изјавила Амбер Мичел, шеф на јавниот оддел на Националниот музеј.
Според музејот, Брукс служел во 91-от афро-американски инженерски баталјон, кој бил стациониран во Нова Гвинеја, а потоа и на Филипините. Брукс е роден во 1909. година и станал војник од прв ред за време на војната.
Во едно интервју од 2014. година, подготвено од музејот, тој ја раскажал својата средба со смртта. Тој се присетил на еден момент во товарен авион чиј мотор откажал додека носел бодликава жица. Поради тоа, авионот морал да го ослободи товарот за да избегне несреќа.
Брукс има пет деца, пет пасторчиња, 12. внуци и 23. правнуци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …