Директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, со возило повредил девојка

Директорот на МНТ, Драган Спасов Дац, со возило синоќа во Скопје повредил девојка.
Девојката итно била префрлена во болница каде што биле констатирани полесни повреди и е пратена на домашно лекување. Полицијата го привела директорот, а на местото на настанот имало увид на сообраќајната полиција.
Драган Спасов Дац, директорот на МНТ, синоќа кај “Шампионче” во Кисела Вода околу 21.20 часот со возило BMW, повредил 27. годишна девојка, чии иницијали се Е.Ц. Девојката поминала со полесни повреди, а се уште нема потврда дали Дац бил под дејство на алкохол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …