Во серијата „Круна“ ќе се појави ликот на принцезата Дијана

Во третата сезона, покрај ликот на Дијана, ќе се појави и Камила Паркер Боулс, додека пак дел од редовните актери ќе бидат заменети со нови.
Продуцентите на оригиналната серија на Нетфликс потврдиле дека во серијата „Круна“, во тек на третата сезона, ќе се појави ликот на принцезата Дијана.
Исто така, потврдиле и дека таа ќе биде дел од регуларниот кастинг и во четвртата сезона, а неофицијално и во петтата. Уште не е откриено која актерка ќе ја има честа да ја екранизира една од најсаканите принцези на светот.
Во третата сезона, покрај ликот на Дијана, ќе се појави и Камила Паркер Боулс, додека пак дел од редовните актери ќе бидат заменети со нови, со оглед на тоа што ликовите „растат“ и не можат да продолжат да ги глумат истите лица.
Така, на местото на Клер Фој, која ја глуми кралицата Елизабета, доаѓа Оливија Колман, а наместо Мет Смит, во улогата на принцот Филип ќе го гледаме Пол Бетани. Ванеса Кирби, која ја глумеше принцезата Маргарет, ќе биде заменета со Хелена Бонам Картер.
Според креаторот, серијата ќе трае шест сезони, во кои ќе биде опфатен целиот досегашен живот на кралицата Елизабета.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …