Мајката на три деца не е срамежлива кога станува збор за покажување на атрибутите па пред неколку дена ја фотографирале во стилот на глумицата Бо Дерек. На себе имала минијатурен бикини а на главата плетенки.
Иако Ким Кардашијан (37) неодамна добила трето дете, тоа не значи дека го занемарила своето омилено хоби – објавување секси фотографии на социјалните мрежи.
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) January 30, 2018
Реалната ѕвезда на Твитер објавила низа „жешки“ фотки меѓу кои посебно се истакнува онаа на која позира во раскопчана бунда под која нема ништо, освен гаќички, додека во прв план се нејзините голи гради. Кардашијанка ги „заматила“ брадавиците за да не ги прекрши правилата на социјалната мрежа.
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) January 29, 2018
Мајката на три деца не е срамежлива кога станува збор за покажување на атрибутите па пред неколку дена ја фотографирале во стилот на глумицата Бо Дерек. На себе имала минијатурен бикини а на главата плетенки.
Straight from the polaroid @marcushyde pic.twitter.com/obe6lDVnts
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) January 29, 2018
Инаку Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест (40) неодамна добија ќеркичка која им ја роди сурогат мајка. На малечката и го дадоа името Чикаго.
„Им заблагодаруваме на прекрасните доктори и медицински сестри бидејќи се грижеа за сурогат мајката. Норт и Сеинт се возбудени поради доаѓањето на сестричката“ изјавиле пресреќните родители.
Чикаго е роден на 15. јануари и бил тешка 3,3 килограми. Парот веќе ја има четиригодишната Норт и двегодишниот син Сеинт.
Ким во септември минатата година објавила дека таа и сопругот чекаат трето дете а нешто подоцна во шоуто на Елен деГенерис открила дека станува збор за девојче.
— Kim Kardashian West (@KimKardashian) January 29, 2018