Џек Николсон повеќе не ја напуштал куќата: „Тажно е да се види како таков глумец заминува на тој начин“

Холивудскиот актер Џек Николсон не е виден во јавноста повеќе од една година, а неговите блиски пријатели стравуваат дека актерската легенда страда од деменција.
84-годишниот троен оскаровец ги поминува своите „тажни, последни денови“ во вила во Беверли Хилс, велат неговите пријатели.
„Џек и јас сме пријатели со години и тој воопшто не ја напушта својата куќа… Синот и ќерката се грижат за него“, рекол пријател за Radar Online.
Иако актерот има пет деца, најчесто се фотографира во друштво на ќерката Лорен и синот Реј.


„Физички е добро, но психички го нема. Навистина е тажно да се види таков талентиран актер како Џек да си замине на овој начин”, рекол изворот.


Славниот актер ја одигра својата последна улога во филмот „Како знаеш“ од 2010. година, во кој глумеше со колегите Рис Витерспун и Овен Вилсон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …