Шпанска тинејџерка, која по речиси 20. години открила дека по грешка е заменета по раѓањето во породилиштето, одлучила да ја тужи здравствената институција за 2,9 милиони евра.
Грешката е утврдена во 2017. година, откако таткото на деветнаесетгодишата девојка побарал ДНК тест за време на дискусијата за алиментација, кога било откриено дека таа не е поврзана со семејството со кое пораснала.
Потоа се покажало дека во 2002 година, таа била заменета со друго бебе родено со пет часа разлика во болница во северниот шпански регион Риоха. Двете бебиња биле сместени во инкубатори бидејќи се родени со помала тежината.
Здравствените власти рекле дека станува збор за случајна човечка грешка и дека ќе ја почитуваат секоја одлука што ќе ја донесе судот.
Адвокатот на девојката, Хозе Саез Морха, вели дека тој поднел тужба во име на неговиот клиент за немерливата емоционална штета предизвикана од грешката на работничката во породилното оделение.
Шефот за здравство во регионот Риоха, Сара Алба, им рекла на новинарите дека тоа е човечка грешка и дека не е можно да се утврди кој е точниот виновник.
– Системот во тоа време беше поинаков и не беше компјутеризиран како што е сега, изјавила Алба.
Фото: Илустрација