Починал Мајкл Константин, актерот во филмот „Мојата голема дебела православна грчка свадба“

Грчкиот актер кој го играше таткото на невестата во филмот „Мојата голема дебела православна грчка свадба“, Мајкл Константин, починал во својата куќа во Пенсилванија.
Неговиот девер Мајкл Гордон ја потврдил веста и рекол дека починал мирно, опкружен со своето семејство.
Причината за смртта на Константин се уште не е потврдена, но тој бил болен неколку години.


Актерот го играше Гас во „Мојата голема дебела православна грчка свадба“ во 2002. година, и фановите го сакаа неговиот лик, загрижен татко кој претера малку за да се осигура дека неговата ќерка Тула (Ниа Вардалос) ќе има беспрекорна венчавка.
Но, се појави и во вториот дел од овој филмски хит.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хуманитарен концерт на 6 октомври во НОБ „Во спомен на љубовта за Данче”

„Во спомен на љубовта за Данче” – насловот на јубилејниот хуманитарен концерт закажан на 6 …