Денес се сеќаваме на нашиот еминентен режисер и продуцент Зоран Младеновски – Окан

Зоран Младеновски – Окан е роден на 15 февруари 1951 година во Скопје. Со аматерски филм почнал да се занимава уште во текот на средношколксите денови. Неговиот прв аматерски филм бил „Малиот детектив“, а потоа ги снимил „Студија“, „Овој наки ваш ли е?“, „Нирвана“, „И потоа“ и други. Од 1966 година Младеновски работи како слободен филмски работник.

Во 1972 година заминал на едногодишна специјализација во француската кинотека и телевизија во Париз. Повеќе од дваесет години бил дел од екипата на продуцентската куќа „Вардар филм“. Помеѓу неговите најпознати филмски наслови се „Исправи се, Делфина“, „Викенд на мртовци“ и „Збогум на 20 век“ каде работел како помошник на режија. Дел од неговот творештво се и филмовите „Време, води“,„Најдолгиот пат“,„Виновник“,„Светлосиво / Ѓавол во срцето“ и други.


Починал во Скопје на 3 април 2012 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …