Денес роденден слави актерката Весна Гаврил-Тапшановска

Весна Гаврил е родена на 3 април 1989 година во Ресен. Дипломирала во Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, на отсекот за глумечка игра во класата на Ѓорѓи Јолевски во 2011 година. Вработена е во Македонскиот народен театар од 2014 година.

Театрографија:


  • Ученик — „Р“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МКЦ, 2006;
  • Хор — „Троил и Кресида“ од Вилијам Шекспир, р. Љубиша Ристиќ, МНТ, 2006;
  • Вини — „Play Beckett/Среќни денови“ од Семјуел Бекет, р. Ѓорги Јолевски, Драмски театар – Скопје, сипломска претстава, 2008;
  • Игнација — „Душички“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Загорка Поп-Антоска Андоновска, НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово, 2008;
  • Косара — „Владимир и Косара“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Слободан Милатовиќ, Министерство за култура на РМ, Министерство за култура на Црна Гора, Скопско лето и Барски љетопис, 2009;
  • Силвија — „Тигар“ од Мореи Шизгал, р. Драган Велјановски, МКЦ, 2011;
  • Учителка по англиски — „Госпоѓа Министерка“ од Бранислав Нушиќ, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015.

Остварила улоги и во следниве телевизиски серии:

  • Мис Стоун — „Тврдокорни“, епизода „Јане Сандански“, р. Миле Гроздановски;
  • Магдалена — „Македонски народни приказни“, епизода „Тодор Паница“;
  • „Македонски стари приказни“,

Добитник е на наградата „Златен Аполон“ за најдобра глумица за улогата на Косара во претставата „Владимир и Косара“, 2009.


Среќен роденден Весна ти посакува редакцијата на Екран.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …