Денес се сеќаваме на нашата поетеса Светлана Христова-Јоциќ

Светлана Христова – Јоциќ е родена во Ресен на 27 февруари 1941 година. Таа беше македонска поетеса, есеист и писател за деца.

Завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како новинар во Радио Скопје. Била секретар и претседател на ДПМ и покренувач и главен и одговорен уредник на ревијата „Стожер“. Член e на македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“.


Подолу е дел од нејзиното богато книжевно творештво:

  • Калесница (поезија, 1970)
  • Скришен ковчег (поезија, 1974)
  • Сињо (поезија, 1980)
  • Последна битка (повест за деца, 1980)
  • Алка за нишалка (позија за деца, 1981)
  • Еа (поезија, 1984)
  • Хагада (поезија, 1987)
  • Зачатие (поезија, 1990)
  • Самечка ќелија (поезија, 1993)
  • Душница (избор поезија, 1993)
  • Гусларот (повест за деца, 1993)
  • Стровиште (роман, 1994)
  • Силенто (поезија, есперанто, 1995)
  • С. Бесмертна (поезија, 1996)
  • Голема молитва (поезија, 2000)
  • Крста и монистрото (2003)
  • На ште срце (поезија, 2012)

Починала во Скопје на 27 април 2012 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …