Денес роденден прославува нашиот истакнат актер Владо Јовановски

Владо Јовановски е роден на 27 февруари 1967 година во Пробиштип. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски актер.

Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности,Скопје, на oтсекот за драмски актери во класата на проф. Љубиша Георгиевски во 1991 година. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година. За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија.


Од остварените театарски улоги ги издвојуваме следните:

  • Бил (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар;
  • Вангел (Прекината Одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацег Гломб, копродукција: Македонски народен театар и театар „Хелена Моджејевска“, Полска;
  • Иван Петрович Војницки (Вујко Вања, 2015), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
  • Клаудиј, кралот на Данска (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Крсте Мисирков (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
  • (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
  • Петар Степанович Верховенски (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Нестор (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Грофот Алмавива (Фигаро се разведува, 2008), автор: Еден фон Хорват, режисер: Куштрим Бектеши, продукција: Македонски народен театар;
  • Антон Антонович Сквозник (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Мето (Оркестар титаник, 2006), автор: Христо Бојчев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Скретничарот, Кирил (Папокот на светот, 2004), автор: Венко Андоновски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
  • Спасе (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
  • Иван Шатов (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.

Филмографија:


  • Глигор (Ругање со Христос, 2018), режисер: Јани Бојаџи;
  • Големиот Вед (Анка, 2017), режисер: Дејан Ачимовиќ;
  • (Есен на самураите, 2016), режисер: Данило Бечковиќ;
  • Доктор Васил (Ослободување на Скопје, 2016), режисери: Данило и Раде Шербеџија;
  • Јордан (Лазар, 2014), режисер: Светозар Ристевски;
  • Иљо (До балчaк, 2014), режисер: Столе Попов;
  • Таткото на Ана (Враќање, краткометражен филм, 2014), режисер: Дина Дума;
  • Кале (Децата на сонцето, 2014), режисер: Антонио Митриќески;
  • Пепо (Трето полувреме, 2012), режисер: Дарко Митревски;
  • Капетен (Колона, краткометражен филм, 2012), режисер: Ујкар Хусај;
  • Продавач (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски;
  • Зеко (Возвишување, 2011), режисер: Немања Бечановиќ;
  • (Крајот на светот, краткометражен филм, 2010), режисер: Јани Бојаџи;
  • Мето (Време на кометата, 2008), режисер: Фатмир Кочи;
  • Бигорски (Тајната книга, 2006), режисер: Владо Цветановски;
  • Трендафил Каранфилов (Бал – Кан – Кан, 2005), режисер: Дарко Митревски;
  • Лазо, таткото на Марко (Илузија, 2004), режисер: Светозар Ристевски;
  • Вториот пријател во кожната јакна (Големата вода, 2004), режисер: Иво Трајков;
  • Учителот (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
  • (Вета, краткометражен филм, 2001), режисер: Теона Митевска Стругар;
  • Пророкот (Збогум на дваесеттиот век, 1998), режисери: Дарко Митревски и Александар Поповски.

Остварил улоги и во следните тв серии:

  • Миле (Преспав, 2016), продукција: ОХО;
  • Чечња Каби (12 мајмуни, прва епизода, 2015);
  • Вернер фон Браун (Еурека, ТВ серија, 1991).

Добитник е на следните награди и признанија:


  • Награда за ТВ проект – „Истражи ја Македонија“ 2012 г. на „Златна Буба мара на популарноста“;
  • Награда за актер за 2001 г. на „Златна Буба мара на популарноста“;
  • Награда на ревијата Екран за најдобро актерско остварување на филм и на ТВ за улогата во филмот „Македонска сага“, во режија на Бранко Гапо и во филмот „Светло сиво“, во режија на Александар Поповски, Дарко Митревски и Срѓан Јаниќијевиќ (1993).

Редакцијата на Екран му го честита роденденот на Владо и му посакува многу здравје и уште многу професионални успеси.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет работи можат да ви го продолжат животот и да ве направат среќни

Прашањето за среќата е една од најголемите задачи на секој поединец денес Среќата ја бараме …