Денес се сеќаваме на доајенот на македонското новинарство Асен Тодоров

Асен Тодоров е роден во Скопје на 17 февруари 1913 година. Тој бил еден од доајените на македонското новинарство.

Роден е во Скопје каде завршил средно образование. Апсолвирал на Математичкиот факултет во Белград 1937. Бил во раководството на македонските народни студенти; претставник во централното раководство на Универзитетот во Белград, потпретседател на друштвото на напредни македонски студенти „Вардар“, учесник во МАНАПО (Охрид, август 1936), ччлен на КПЈ од 1937. За време на војната учествувал во заднинската дејност, потоа е приклучен во НОВ и ПОЈ. 1936 година „Тихиот“ (негов прекар) ја напишал тогаш меѓу студентите популарната песна „Афион“ (Луч). По војната работел во Поверенството за просвета на владата на Македонија; од 1945 во дописништвото на Танјуг за Македонија е пом. директор и директор; во Радио Скопје-уредник и главен уредник, 1948-1952; во „Нова Македонија“ – уредник и заменик на главниот и одговорен уредник од 1953 до 1963; секретар на Секретаријатот за информаци во Собранието на СРМ, 1964-1970 и до пензионирањето во 1975 година помошник главен и одговорен уредник во „Нова Македонија“. Добитник е на одликувања и наградата за животно дело „Крсте Мисирков“.


Во 1946 година, при формирањето на Здружението на новинари на НР Македонија, Тодоров е избран за еден од двајцата потпретседатели на здружението.

Починал во Скопје на 11 јануари 1990 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …