ДЕМАНТ ОД „БАНАНА ФИЛМ“ ЗА СООПШТЕНИЕТО ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 04.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм”. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи!

Измислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл.


Повторно ги повикуваме институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење (вклучувајќи и одмазда кон укажувач) во своите редови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави поранешниот македонски кајакар Лазар Поповски

Лазар Поповски е роден на 19 мај 1975 година во Скопје. Тој е поранешен македонски …