Дали СЕДМАТА ГОДИНА е навистина најкритична за една врска? Што можете да направите?

Веројатно сте слушнале дека врските ја достигнуваат својата најголема ранливост во седмата година, па дали е тоа мит или е вистина?
Дали седумгодишната граница ги загрозува односите на паровите? Се верува дека по седум години поминати со партнерот, почнуваме да проценуваме сè, дали нашата врска функционира, колку сме посветени на врската и дали сме генерално задоволни.
На почетокот се’ е убаво, па затоа почетната фаза од врската се нарекува „меден месец“. Оваа фаза од меден месец се карактеризира со високо задоволство од врската. Паровите уживаат во меѓусебната љубов, радоста…
Што се случува тогаш? Паровите кои почнале да живеат заедно, почнуваат преговори за домашните обврски и одговорности. Се трудиме да ги балансираме работата и приватниот живот. Овој процес не е толку лесен.

Разговарајте еден со друг
– Комуникацијата е почетна точка кога луѓето чувствуваат дека нивната врска со текот на времето опаѓа – и колку побрзо, толку подобро – објаснува Нес Купер за „Метро“.
Нес предлага да смислите нови рутини и ритуали кои ќе ви помогнат да се поврзете. Можеби ќе биде потребно извесно време за да се навикнете на новите рутини, но тие би можеле да помогнат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Рецепт за КОХ ОД ОРИЗ: Древен деликатес кој се пренесува од генерација на генерација 

За кох од ориз, потребни ви се состојки кои веројатно веќе ги имате во вашата …