(ВИДЕО) ПОГРЕБ СО СПЕЦИЈАЛНИ ПЕСНИ: Аки Рахимовски ќе биде испратен со стихови кои му ги пеел на својот син кога бил бебе но и две омилени македонски песни!

АЛЕКСАНДАР Аки Рахимовски во четврток во 15. часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите ќе биде испратен на вечно почивање.
За последното збогување семејството избрало песна која имала посебно значење за покојниот пејач.
Песната на Род Стјуарт „Sailing“ често му ја пеел на неговиот син Кики кога тој бил бебе, а членови на клапа ќе ја отпеат токму таа песна на збогувањето со познатиот пејач кој почина од откажување на срцевиот мускул.
На погребот ќе бидат отпеани и две македонски песни кои Аки многу ги сакал.


Групата „Парни ваљак“ на својот официјален канал на Јутјуб објави емотивно видео посветено на покојниот Аки Рахимовски, човек кој заедно со останатите членови на бендот одбележа многу генерации со својот глас и песни.
Заедно со песната „Есен во мене“ е направено видео на кое се прикажани фотографиите на Аки, за кои е заслужен Саша Хузјак.
– Збогум пријателе. Ни остави огромна празнина и величествени спомени – напишано е покрај видеото.


Синот на Аки, Кики Рахимовски, низ солзи им порача на пријателите: „Татко добро спие“. Не може да се помири со загубата на својот татко и секојдневно му носи голема болка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …