Скоро секој дом има КУТИЈА чај од камилица. Што лекува обичниот чај од камилица?
Терапевтските својства на камилицата се одамна познати, а ја користеле и древните цивилизации. Еден од најчестите начини за консумирање на камилица е правењето чај, а придобивките што ни ги носи ќе ве поттикнат да ја консумирате секојдневно.
Ја ублажува несоницата
Ако имате проблем со несоница или сте биле под стрес цел ден, пиењето чај од камилица пред спиење ќе му помогне на вашето тело да се опушти. Камилицата содржи флавоноиди кои се врзуваат во мозокот и поттикнуваат чувство на релаксација и поспаност и ја намалуваат несоницата.
Ги намалува мускулните грчеви и менструалните болки
Токму поради нејзините смирувачки својства, чајот од камилица може да ги намали мускулните грчеви и менструалните болки.
Го подобрува варењето
Камилицата е многу нежна и се користи за опуштање на вознемирен стомак и како дигестивно помагало. Ако страдате од чести грчеви во стомакот, надуеност после јадење или симптоми како што се гадење, дијареа или синдром на нервозно дебело црево, обидете се да додадете 2-3 шолји чај од камилица во вашата дневна рутина.