(ВИДЕО) Новиот трејлер за „Бетмен“, за 24. часа имал 6. милиони прегледи

„Две години следење по улиците, внесување страв во срцата на криминалците, го одведоа Брус Вејн длабоко во сенките на Готам Сити“, се вели во официјалниот синопсис на филмот.
Излезе третиот трејлер за новиот Бетмен.
Долгоочекуваниот филм со Роберт Патинсон како Бетмен и Зои Кравиц како Жена-мачка го прикажува Бетмен како се обидува да го победи The Riddler, кој го игра Пол Дано.
Новиот трејлер се фокусира на растечката врска помеѓу Бетмен и Жената-мачка. Трејлерот излезе вчера на официјалниот YouTube канал на Warner Bros и е прегледан повеќе од шест милиони пати за само 24. часа.
„Две години следење по улиците, внесување страв во срцата на криминалците, го одведоа Брус Вејн длабоко во сенките на Готам Сити“, се вели во официјалниот синопсис на филмот.
Актерската екипа ги вклучуваат Енди Серкис како Пениворт, Џефри Рајт како Џејмс Гордон од GCPD, Џон Туртуро како Кармин Фалконе, Питер Сарсгард како Готам Д.А., Гил Колсон и Колин Ферел како Освалд Коблпот/Пингвин.
Режисер на филмот е Мет Ривс, кој го напиша и сценариото со Питер Крег.


Бетмен излегува на 4 март 2022 година, исклучиво во кината.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бројни реакции – Брус Вилис снимен во Лос Анџелес: Изгледал дезориентиран, глетката ги растажила обожавателите

Брус Вилис е снимен во Лос Анџелес. Актерот делувал дезориентирано поради битката со афазија и …