(ВИДЕО) Го нашла своето кученце како теши тажен странец на аеродромот

МЕДИСОН ПАЛМ секогаш патува со својата кучка за терапија Кора, но дури и таа била изненадена од она што Кора го направила на аеродромот.
Медисон и Кора летале од нивниот дом во Ајдахо, Алјаска за да ја посетат мајката на Медисон, а на трансфер на аеродромот во Сиетл, Кора му пришла на човек кој седел сам во близина.


„Пред да можам да ја повикам, таа веќе беше пред неговите нозе. Го прашав дали му пречи, а тој имаше мрачно лице и насолзени очи и рече: „Не, не. Моето куче умре синоќа’“, изјавила Палм за Today.
Кора останала малку со тој човек, а тој ја чешкал позади ушите, ја галел и ѝ шепнал колку е симпатична.
„Навистина мислам дека има дар. Таа знае кој е повреден и знае на кого му треба. Кога ми кажа дека неговото куче умрело, ја погледнав Кора и си помислив: ‘Ти си толку неверојатна. Колку имав среќа?’“, рекла Медисон.

View this post on Instagram

A post shared by Cora the Explorer 🦔🌎 (@the.corgi.cora)


Кора живее со Медисон од минатото лето, а Медисон ја земала откако нејзината колешка на Фејсбук видела дека таа му се поклонува на корги кој му убивал кокошки на сопственикот. Кога Кора дошла да ја види, била неухранета и сопствениците цело време ја држеле надвор. Медисон ја зела, а поради неа дури и го сменила станот бидејќи веќе имала едно куче, а сопственикот не дозволувал две миленичиња.
„Ме воодушевува секој ден. Кој би знаел дека кучето кое не е сакано 7 и пол години може да има толку многу љубов да даде?“, заклучила Медисон.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …