(ВИДЕО+ФОТО) Заменик министерот ја загубил функцијата поради скандалозното деколте на советничката

Кристина Тишкун, советничка во Министерството за образование на Украина и блиска соработничка на заменик министерот Игор Гарбарук, предизвикала вистински скандал кога се појавила во фустан со длабоко деколте на прославата на градоначалникот на Лавов, Садов Андриј Иванович. Нејзиниот стајлинг го чинел заменик-министерот функцијата, а украинската јавност станала повеќе од заинтересирана за екстравагантниот профил на Кристина на Инстаграм.
На контроверзната фотографија таа позира со заменик министерот, градоначалникот и други функционери.
Тој бил разрешен по објавувањето на фотографијата, но се уште не се знае што ја предизвикало оваа одлука. Од министерството наведуваат дека тој е разрешен по негово лично барање.
Кристина фотографијата ја објавила на својот Инстаграм профил, кој набрзо го заклучила поради осуда од јавноста. Нејзината објава била преплавена со навредливи коментари, а некои од корисниците се запрашале дали советничката носи градник под фустанот, пишува веб страната Tudej.


„Дали треба да изберете облека за градскиот совет? Мислев дека секој се облекува како што сака, она што му е удобно“, напиша таа во коментарите пред заклучувањето на Инстаграм.

Инаку, таа е родена во 1994. година во Лавов. На нејзиниот Фејсбук профил пишува дека магистрирала право на Националниот универзитет Иван Франко во Лавов.


Моментално живее во Киев. Тишкун работи и како помошник адвокат во адвокатската канцеларија на советникот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Јупитер почнува ретрограден од на 9 октомври: Грешките од минатото повторно се актуелни, а некој се соочува со предизвици – 3 знаци се особено погодени

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …