Актуелно

Перформанс во живо на Pakkyōne во Буква

На 9 ноември 2023 година во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 21:30 часот, ќе може да го погледнете перформансот на италијанскиот мултиинструменталист и истражувач на грленото и аликвотно пеење Валерио Мироне (Pakkyōne). Pakkyōne е кукла облечена во крпи, безопасни игли и партали најдени во една мала запуштена селска куќа. Зборува …

Повеќе »

Ревија на носии од Горновардарска етнографска целина

Постојат неколку типологизации и класификации на македонските традиционални носии, па оттука може да се констатира дека тие припаѓаат на два типа, но во зависност од авторите, имињата и границите на некои типови на носии, не се совпаѓаат секогаш во целост. Во науката, прифатена е типологизацијата и класификацијата на Ѓорѓи Здравев, …

Повеќе »

Како Вештачката Интелигенција го Менува Светот на Онлајн Казината

Вештачката интелигенција (ВИ) е популарна тема во последниве две-три години. Таа стана особено актуелна со лансирањето на ChatGPT во ноември, 2022 година. Овој производ уште еднаш потврди колку корисна може да биде ВИ кога се користи на правилен начин. Речиси сите индустрии можат да го искористат потенцијалот на оваа технологија, …

Повеќе »

Песната, судбина – концерт на Танец во чест на 100-годишнината од раѓањето на Васка Илиева

Во четврток, 9 ноември 2023 година во Домот на АРМ, со почеток од 20:00 часот, во организација на НУ Ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“, ќе се одржи концерт во чест на 100 годишнината од раѓањето на Васка Илиева, насловен „Песната, судбина“. Васка Илиева (1923 – 2001) е …

Повеќе »

Вечерва „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски го отвара 48. МОТ

Со претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 48 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ „Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на потребата …

Повеќе »

Концерт на Nino’D Amico на фестивалот Тремоло 2023

Во организација на Детски културен центар „Карпош“-Скопје, во рамките на меѓународниот фестивал за гитара „Тремоло 2023“ утревечер во Музејот на македонската борба со почеток од 18:30 часот ќе се одржи концертот на младиот италијанскиот гитарист Nino’D Amico. Нино Д’Амико – Златна Гитара 2021 година на меѓународната средба на гитари во …

Повеќе »

Интимен концерт на женското трио „Фрајле” на 16-ти март во „Македонска филхармонија”

Kористејќи ги своите три гласа, маркантната појава и различниот сензибилитет, членките на новосадскиот бенд „Фрајле” убедливо ја освојуваат публиката низ Балканот. Во 2024-та одбележуваат цели 15 години работа и по тој повод ја најавија својата балканска турнеја, а на нивната листа секако е и Скопје. Женското трио „Фрајле” го најавија …

Повеќе »

Премиера на филмот за деца „Мисија Јајце“ во Кинотека

Во четврток, 9 ноември 2023 година, во Кинотека на Македонија, со почеток од 19:00 часот, премирно ќе биде прикажан филмот за деца „Мисија Јајце“. Во периодот од 19 до 23 јуни 2023 во Градскиот Парк и во Зоолошка Градина се снимаше краткиот филм за деца „Мисија Јајце“. Станува збор за …

Повеќе »

Денеска и утре проекции на „М” на Вардан Тозија на фестивалот во Котбус

Филмскиот фестивал Котбус (ФФЦ) е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм и годинава се одржува од 7 до 12 ноември. Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе се одржи проекција на македонскиот филм „М” на Вардан Тозија. -Основан во 1991 година, Фестивалот сака да прикажува …

Повеќе »