Интимен концерт на женското трио „Фрајле” на 16-ти март во „Македонска филхармонија”

Kористејќи ги своите три гласа, маркантната појава и различниот сензибилитет, членките на новосадскиот бенд „Фрајле” убедливо ја освојуваат публиката низ Балканот. Во 2024-та одбележуваат цели 15 години работа и по тој повод ја најавија својата балканска турнеја, а на нивната листа секако е и Скопје. Женското трио „Фрајле” го најавија својот интимен концерт во „Македонска филхармонија”, на 16-ти март, следната година.

Сите оние кои барем еднаш присуствувале на нивен концерт, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува. Овие три вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето. Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле” се исклучителни и во обработките.


Свесни за впечатокот што го оставаат, знаат дека визуелниот момент на сцена е исто толку важен како и квалитетот на вокалната и инструментална интерпретација и затоа посветуваат големо внимание на сценските костими по кои се и најмногу препознатливи.

Наташа, Невена и Јелена, познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „Војводинско танго” во овие долги години „музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.


Сите оние кои сакаат да ги слушнат трите дами во едно шоу, на 16-ти март можат да дојдат во „Македонска филхармонија”. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …