Денеска и утре проекции на „М” на Вардан Тозија на фестивалот во Котбус

Филмскиот фестивал Котбус (ФФЦ) е еден од водечките меѓународни фестивали на источноевропскиот филм и годинава се одржува од 7 до 12 ноември.

Денеска во 13 часот и утре во 18 часот ќе се одржи проекција на македонскиот филм „М” на Вардан Тозија.


-Основан во 1991 година, Фестивалот сака да прикажува добри филмови и да им даде пристап до пазарот. Покрај тоа, има за цел да ги зајакне талентите, да предизвика љубопитност, да ги доведе во прашање вообичаените клишеа и да го промовира дијалогот помеѓу филмаџиите. Затоа, речиси секој филм е проследен со возбудлива филмска дискусија (Q&A). Состаноците за вмрежување, исто така, обезбедуваат можности за размена меѓу филмаџиите и претставниците на индустријата, велат организаторите.

Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург.


Актерската екипа која ја сочинуваат: Матеј Сиваков, Сашко Коцев, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ Вејзовиќ, Верица Недеска, Владимир Тулиев, Оливер Митковски, Мирослав Петковиќ, Жаклина Петровска, Благоја Веселинов, Борис Дамовски, Јамина Билаловиќ, Михајло Миленковски и Тони Михајловски.

Кинематографер е Владимир Самоиловски, костимите се дело на Андреа Кустовиќ и Николина Костаншек, музиката е на реномираниот филмски композитор Натаниел Бергес (Nathanaël Bergèse) во соработка со францускиот ко-продуцент „Les Contes Modernes”.
Филмот е поддржан од Агенција за филм, Хрватскиот аудио визуелен центар, Косово филм центар, SACEM (Франција) ТВ ТелМа (Македонија), Agora Co-Production Market at IFF Thessaloniki 2019 ScriptTeast 2020 – Script Development Workshop (Poland, Germany, France) Sofia Meetings (WiP) at IFF Sofia 2020.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …