Актуелно

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот Џез“

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез”, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова. Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите” ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места …

Повеќе »

Во утринските часови во центарот на Скопје, младиот уметник Озбек Ајваз претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста за секојдневната опасност од патогените бактерии

Во утринските часови во центарот на Скопје, младиот уметник Озбек Ајваз претстави уште две скулптури од неговиот проект за подигнување на свеста и информирање на граѓаните за секојдневната опасност од патогените бактерии кои се појавуваат во места каде што не постојат јавни тоалети и санитарни услови. Недостигот од пристап на …

Повеќе »

(ФОТО+ВИДЕО) Преубава снежна бајка на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово – На Попова Шапка има дури 15 сантиметри снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Вчерашниот влажен и студен воздушен бран кој ја зафати територијата на Македонија, донесе снежна убавина на Скијачките центри Попова Шапка и Маврово, а на Попова Шапка наврнаа дури 15 cм снег. Погледнете како изгледаа вчера Скијачките центри Попова Шапка и Маврово Нов влажен бран кој …

Повеќе »

Денес се сеќаваме на нашиот актер и режисер Вукан Диневски

Вукан Диневски е роден на 22 април 1927 година во Гостивар. Тој беше македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, режисер, педагошки работник и изведувач на народна и на уметничка поезија. Завршил Средна државна театарска школа и Филозофски факултет во Скопје и Театарска академија во Загреб. Бил член на Драмата на …

Повеќе »

На денешен ден е роден нашиот поранешен фудбалер Горан Мазнов

Горан Мазнов е роден во Струмица на 22 април 1981 година. Кариерата ја започнал во македонскиот клуб Слога Југомагнат. На 18 години дебитираше во националниот шампионат. Во текот на двете сезони во клубот го освои македонскиот шампионат и националниот куп на Македонија. Во летото 2001 година, тој потпиша договор со …

Повеќе »

Театарската претстава „Јагнето“ утревечер во Public Room

На 22 април 2024 година, со почеток од 20:00 во Public Room во Скопје, ќе биде изведена театарската претстава „Јагнето“. Претставата е во продукција на СЕАМ, сценариото е подготвено од Кирил Дончов, наш поранешен студент а во улогите настапуваат нашите студенти и стаф – ентузијасти и актери во слободно време!!! …

Повеќе »

Промоција на стихозбирката „Жените и буквите“ од турскиот поет Ерол Туфан

Најновата стихозбирка на поетот Ерол Туфан ‒ „Жените и буквите“, издание на ПНВ Публикации од Скопје, ќе биде промовирана в недела, 21 април, од 19:00 часот во промотивниот центар во рамки на Саемот на книгата 2024 година во Спортски центар „Борис Трајковски“. Книгата ќе ја промовираат проф. д-р Искра Тасевска …

Повеќе »

„Лабораториум“ со низа активности ќе го одбележи денот на планетата Земја

Од 21-23 април 2024 година Лабораториум организира разновидни активности со цел да се одбележи денот на планетата Земја. Подолу погледнете ја комплетната агенда: Во недела (21.04) од 12:00 до 17:00 часот се разменуваме со семиња за растенија и се дружиме на нашите Artisan Sundays еко работилници подржани од Градинарски центар …

Повеќе »

Промоција на книгата „Продавница за чудни миленичиња“ од др. Елена Обухова

Денес во Промо центарот на Саем на книга 2024 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 16:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Продавница за чудни миленичиња“ од др. Елена Обухова. Промотор: д-р Емил Ниами Се работи за првото прозно дело за деца од авторката Обухова (прво …

Повеќе »