Промоција на книгата „Продавница за чудни миленичиња“ од др. Елена Обухова

Денес во Промо центарот на Саем на книга 2024 во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 16:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Продавница за чудни миленичиња“ од др. Елена Обухова. Промотор: д-р Емил Ниами

Се работи за првото прозно дело за деца од авторката Обухова (прво излегување од рамките на научната литература во уметничката). Авторка на илустрациите е писателката Обухова, а корицата е дело на Обухова и Катерина Влаќеска.


Во книгата се зборува за близнаците Марко и Марика, кои живеат во нашиот древен Охрид. Тие многу ги сакаат животните и со сите сили се трудат да им помогнат, поради што дури стануваат асистенти на локалниот ветеринар. Но и покрај сето тоа, дома не им дозволуваат да чуваат животни.

Еднаш во градот се отвора продавница за миленичиња чиј сопственик ја носи со себе малечката внука Теа. Родителите на девојчето се разведуваат и таа многу тешко го доживува тоа. Наскоро децата откриваат дека во продавницата не живеат само обични животни туку и сосема чудни суштества чија задача е да им помагаат на луѓето. А тоа значи дека можат да ѝ помогнат и на самата Теа. И од тој момент започнуваат авантурите на тројцата другари и нивните помошници од животинскиот свет


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …