ДНЕВНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ДО КРАЈОТ НА ДЕНЕШНИОТ НЕДЕЛЕН ДЕН: Очекувајте студено време со врнежи од дожд и снег на планините – Дождвило ќе биде и во Скопје

Метео прогноза на Славчо Попоски:

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од север и од северозапад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат обилни, па така локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. На планините, и тоа особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1100-1200 метри ќе има врнежи од снег.


На планините исто така очекуваме формирање на снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде и до 15 cм, а на повисоките планини таа би можела да биде и поголема.

Локално врнежите исто така ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност.


Во Скопје и околината исто таоа очекуваме врнежливо време, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите за денешниот ден, тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велика Сабота

Велика Сабота Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика …