Денес се сеќаваме на нашиот уметник Златко Трајковски-Хинки

Златко Трајковски – Хинки е роден во Скопје на 21 април 1960 година. Студирал графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорите Димитар Малиданов и Димче Николов. Од 1986 година почнал да се занимава со колажи, со кои најпрво изведувал анимации во видеопроекти, а подоцна ја користел оваа техника самостојно, често внесувајќи ги овие дела во своите инсталации. Од 1987 година се занимавал со видео: “Closeness”, 1987 (со А .Станковски и Х. Попдучев); “The Song of Love” (со А. Станковски), „Кокино” (со А. Станковски и Д. Абјаниќ), 1996, “Драма на Прогонот”.

Во 1991 година во Скопје реализирал шест перформанси: март, Центар за култура и информации – “За пролетта што нема да дојде”; јуни, Дом на младите “25 мај”- “Во земјата Мордор”; јули, Куршумли-ан – “Седиште на милосрдието”; октомври, Дом на младите “25 Мај” – “Ехолалија”; декември, Даут-пашин амам. Во февруари 1995 година, МКЦ – “Ouch Puch”.


Позначајни самостојни изложби:

1988 – Дом на младите “25 Мај”, Скопје 1989 – Дом на младите “25 Мај”, Скопје, “Closeness” 1990 – Дом на младите “25 Мај”, Скопје (со И.Тошевски) 1993 – Галерија “Мијачки зографи”, Скопје, “Олтар” 1994 – Музеј на Град Скопје, Скопје 2003 – Мигдал – музичко издание 2006 – Национална галерија на Македонија, Мултимедијален центар Мала Станица, Скопје, Re4m, перформанс.


Починал во Скопје на 9 декември 2017 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …