Денес роденден прославува нашата позната пејачка Маја Оџаклиевска

Маја Оџаклиевска е родена на 21 април 1954 година во Скопје. Таа е позната македонска пејачка на забавна музика. Долги години таа работи и живее во Белград, Србија. Маја Оџаклиевска е познат изведувач не само во Македонија и Србија, туку на целата територија на поранешна Југославија.

Својата музичка кариера ја започнува како 15 годишно девојче и се појавува на аудиција на Радио Скопје. Во 1970 година таа се преселила во Белград. На покана на Радослав Грајиќ учествува во радио емисијата „Максиметар“, каде победила, добила епизодна улога во претставата „Рабле“ на Жан Луј Баро. Таа има учествувано на безброј фестивали низ поранешна Југославија. Соработува со големи музички имиња како што се А. Илиќ, Б. Ѓорѓевиќ, С. Марковиќ, М. Туцаковиќ, Г. Копров, К. Костов, К. Ковач, Р. Радивојевиќ и други.


Меѓу најголемите хитови на Маја Оџаклиевска се:

  • „Многу солзи“
  • „Шила“
  • „Лиду лидуду“
  • „Не допирај ме“
  • „Биди добар како што сум јас“
  • „Среќо кажи“
  • „Само сеќавања“ – Опатија ’84
  • „Сребрени улици“ – Опатија ’85

Среќен роденден Маја, ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …