„Лабораториум“ со низа активности ќе го одбележи денот на планетата Земја

Од 21-23 април 2024 година Лабораториум организира разновидни активности со цел да се одбележи денот на планетата Земја.

Подолу погледнете ја комплетната агенда:


Во недела (21.04) од 12:00 до 17:00 часот се разменуваме со семиња за растенија и се дружиме на нашите Artisan Sundays еко работилници подржани од Градинарски центар Фоја.

Во понеделник (22.04) од 17:30 до 19:00 часот заедно со здружението За Почиста Македонија ќе го чистиме аквадуктот на Скопје. Сите материјали ќе ви се обезбедени, од вас е потребно само ведро расположение и желба да го расчистиме нашиот град за поубава околина!


Ако не знаете како да стигнете до аквадуктот ќе се потрудиме да организираме car pool

После заедничката активност се префрламе во Лаб од 19:00 do 00:00 часот на afterparty пречекани со special earth day коктел и вечер исполнета со активности. Тимот на Лаб ќе ви обезбеди едукативни активности за климатските промени и нивната важност за нашата планета, како и игри и музиче за реклаксација и дружење.


Активностите ги затвораме во вторник (23.04) од 19:00 до 23:00 часот со размена на книги. Ќе уживаме во различните жанрови и ќе споделуваме приказни кои највеќе ни оставиле впечаток во страниците на нашите омилени книги!

Дојдете да се дружиме заедно и да ги прославиме деновите на Земјата, се вели во објавата од Лабораториум.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …