БОЛНА ИСПОВЕД НА ШАКИРА ПО БРОЈНИТЕ ИЗМАМИ НА ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ: „Тешко ми е да зборувам, ова е најлошиот период во мојот живот!“

Првата исповед на Шакира по изневерувањето на поранешниот сопруг никого не остава рамнодушен!
По 11. години врска и две заеднички деца, фудбалерот Жерар Пике и латино дивата Шакира решија да стават точка на својата љубов летово, на општо изненадување на светската јавност. Но, зачестените измами на спортистот изгледа одлучиле… Пејачката конечно си ја отворила душата и проговорила за се.

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-i-pike-2.jpg
Имено, Пике повеќе не ја крие својата нова девојка, младата студентка Клара, која ја запознал додека работела на неговата рекламна кампања. Тие неодамна се појавиле заедно на свадба.
И на молкот на пејачката му дошол крајот, а таа решила да ја открие својата страна на приказната.


-Бев тивка, бидејќи се обидував да обработам се во мојата глава. Да, тешко е да се зборува за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа и затоа што сум јавна личност, а нашата разделба не е како обична разделба. Тешко е, не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно тешко. Се трудам да ги заштитам децата од се – ја започнала својата исповед Шакира.

This image has an empty alt attribute; its file name is sakira-so-decata-jpg.jpg
А покрај прељубата на нејзиниот поранешен партнер, таа се соочила и со обвинувања од шпанската влада дека затаила данок.
– Се обидов да ја скријам ситуацијата од моите деца. Се обидувам да ги заштитам, тоа е мојата мисија број еден. Но, потоа слушаат работи на училиште од своите пријатели или наидуваат на некоја непријатна вест на интернет и тоа едноставно ги погодува – вели пејачката.


This image has an empty alt attribute; its file name is pike-822x1024.jpg
И додава дека често се надева дека ова е само лош сон од кој ќе се разбуди.
– Понекогаш се надевам дека сето ова е само лош сон и дека некогаш ќе се разбудам. Но, не, тоа е реално. И сето тоа се случуваше токму во времето кога татко ми беше на интензивна нега, а јас се борев на различни фронтови. Ова е веројатно најтешкиот период во мојот живот – заклучила таа.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бројни реакции – Брус Вилис снимен во Лос Анџелес: Изгледал дезориентиран, глетката ги растажила обожавателите

Брус Вилис е снимен во Лос Анџелес. Актерот делувал дезориентирано поради битката со афазија и …