Боб Дилан самошто го направил најдолемиот договор во музичката историја

Групата „Универзал мјузик“ (Universal Music) денес објави дека ги купила авторските права на песните на музичарот Боб Дилан. Цената на договорот за авторско право сè уште не е позната, но Њујорк Тајмс ја споменува сумата од над 300 милиони долари.
Групата стана сопственик на авторските права на повеќе од 600. песни од Боб Дилан, еден од најпознатите музичари кој ја доби Нобеловата награда за литература во 2016. година.
Universal Music сега ги поседува правата на музички хитови од 60-тите, како што се „Blowin’ In the Wind “,„The Times They are a-Changing“ и „Like Rolling Stone“.
На списокот се наоѓаат и поновите песни на Дилан, како што е „Murder Most Foul“, 17-минутна поема-поема посветена на атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди.


„Не е тајна дека вештината за пишување песни е основниот клуч за одличната музика. И не е тајна; дека Боб е еден од најголемите мајстори на таа вештина“, рекол претседателот на групата „Универзал мјузик, Лусијан Гранџ.
„Не е претерување да се каже дека неговото импресивно дело предизвика љубов и восхит кај милијарди луѓе ширум светот. Не се сомневам дека во следните децении, ако не со векови, музиката на Боб Дилан ќе продолжи да се пее и да се изведува насекаде“, додал Гранџ.
Дилан (79), чие вистинско име е Роберт Ален Зимерман, е култна фигура на генерацијата на 60-тите и еден од најголемите текстописци на 20 век.
Тоа е најголемата аквизиција на авторските права во историјата на музиката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …