(ВИДЕО) Српската водителка и новинар Маја Николиќ искрено: „Два пати прележав корона – беше ужасно!“

Водителката и новинарка, Маја Николиќ, неодамна беше гостинка во емисијата „Балкански улица“ со Весна Дедиќ, а таа открила дека двапати се разболела од коронавирус.
„Јас ја имав короната по втор пат, овој пат поминав ужасно. Јас сум еден од тие баксузите. Јас само би им порачала на сите – пазете се. Два пати официјално бев негативна. Членовите на моето семејство беа позитивни, јас бев негативна на тестовите, но бев исто болна како нив. Не разбирам“, објаснила новинарката во емисијата „Балканска улица“.
„Сè ве боли, грбот, мускулите на рацете, сите, тешко дишеш, малку кашлаш, температурата. Ужасно е, децата се грижеа за мене. Јас навистина не знам како минаа овие 12. дена лежење, јас бев навистина болна. Го поминав ова во некоја магла, ужасно“, додала таа.
Таа изјавила дека и таа и нејзиниот сопруг тешко ја поднеле короната.
„Беше тешко за двајцата, и за мојот сопруг и за мене. И двајцата бевме немоќни“, изјавила водителката во споменатата емисија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …