Бизарни правила – Реагирал и УНИЦЕФ: 40. годишник се оженил со 30. години помладо девојче

Бракот на 11.годишно девојче и 30.годишен маж предизвикал бурни реакции во Малезија, па се’ погласни се и’ повиците за минимална возраст за брак од 18. години.
Родителите на девојчето, кои се од Тајланд, рекле дека се согласиле дека нивната ќерка ќе стане трета сопруга на Малежанецот ако тој се согласи таа да остане дома до 16. години, рече Би-Би-Си.
Владата на Малезија објавила дека нема официјален документ за брак, склучен во Тајланд, и дека ќе го испита случајот. УНИЦЕФ исто така најави дека овој брак е „шокантен и неприфатлив”.
Би-Би-Си објавил дека имало и фотографии кои го прикажуваат младоженецот како ја држи девојката по свадбата.
Тој веќе има две жени и шест деца, на возраст од 5. до 18. години, објавиле локалните медиуми.
Родителите на девојчето работат во североисточната малезиска држава Келантан.
Активистите во Малезија велат дека младоженецот е успешен трговец а дека родителите на девојката живеат во мизерија.
Во Малезија, законски, возраста од 18. години е минималната за брак, но исламските шериетски судови можат да дозволат брак на муслимански двојки на возраст под 16. години.
Владата на Малезија истакнува дека локалните верски власти немаат информации за овој брак, а без дозвола од судот во Шериетот, бракот се смета за нелегален и младоженецот може да биде осуден на шест месеци затвор.
Фото:Илустрација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …