„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм

Продуцентската куќа на режисерот Милчо Манчевски „Банана филм“ поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм Бранко Петровски, претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ, а најавува уште кривични пријави.

Како што информираа денеска од продуцентската куќа, кривичната пријава против Петровски е за злоупотреба на службената положба која произлегува од конфликт на интереси, додека Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски.


-Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост, преку нивните семејства, на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници, се вели во соопштението од продуцентската куќа.

„Банана филм“ исто така соопшти дека доставила барање и до Комисијата за заштита на конкуренцијата да ја испита, како што велат, недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која била констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат, како што велат, противзаконски доделените 120.


000 евра од државната каса. Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна корист.

-Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл, велат од „Банана филм“.


Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа.

-После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – уште веруваме во институциите.

Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.

Ги повикуваме министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм, велат од „Банана филм“.

бт/бак/Фото: МИА  .

Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …