Пурвин, неколку недели пред несреќата во која загинал, ги контактирал продуцентите и објаснил дека не може да издржи во напорните услови за работа и дека ова е најопасен проект на кој работел
Додека „American Made“ пристигнува во кино салите,јавноста е преокупирана со несреќата коај се случила на снимањето на тој филм во 2015. година. Имено, на сетот загинале двајца пилоти, а нивните семејства сега ги тужат режисерот Даг Лиман (52) и Том Круз кој во филмот го игра главниот јунак.
Во обвинението стои дека режисерот и глумецот сакале да ги снимат преопасните егзибиции во воздух и дека работеле со премногу брзо темпо.
Пилотот Пурвин неколку недели пред несреќата во која загинал, ги контактрал продуцентите и објаснил дека не може да издржи во напорните услови за работа и дека ова е најопасен проект на кој работел.
„Прашање на време е кога ќе се случи несреќа“ напишал Пурвин пред смртта.
Освен Пурвин во несреќата во Колумбија на 11. септември 2015. година загинал и пилотот Карлос Берл.
Авионска несреќа на снимање: Том Круз виновен за смрт на двајца пилоти!?
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.