Аудиција за претставник на Македонија на Јуниорски Евросонг 2018

Аудицијата за избор на вокален интерпретатор, кој ќе ја претставува Македонија на Јуниорски Евросонг 2018, ќе биде одржана во сабота (18 август), со почеток од 10.00 часот, информира Македонската радио телевизија.
Пријавувањето за аудицијата, што ќе се спроведе во студиото М-3 на Македонската радио телевизија, е отворено од 6. до 16. август 2018 година.
Децата учесници на аудицијата траба да бидат на возраст помеѓу 10. и 15. години на денот на финалната манифестација, што ќе биде одржана на 25. ноември 2018 година.
Тие треба да исполнат две композиции по сопствен избор, а дозволен е и караоке начин на пеење при што учесниците треба да донесат со себе технички исправен носач на звук аудио ЦД.
Овогодинешниот Јуниорски Евросонг ќе се одржи во Минск, Белорусија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …