Актерка од „Војна на ѕвездите“ починала после борба со тешка болест

ТРИША НОБЛЕ, која се појавила во две продолженија на „Војна на Sвездите“, починала откако се борела со сериозно заболување, објави „Daily Mail“. Таа имаше 76 години.
Австралијката починала на 23. јануари, неколку дена пред нејзиниот 77-ми роденден, од компликации од тумори предизвикани од вдишување азбестни влакна.

Before she was Jobal Naberrie (mother of Padmé Amidala), actress Trisha Noble was an Australian pop singer in the 1960s from r/StarWars


Во популарната франшиза Нобле ја толкуваше Џобал Наберие, мајката на Падме Амидале (Натали Портман). Таа беше во епизодите „Војна на Sвездите: Епизода II Напад на клоновите“ (2002) и „Војна на вездите: Епизода III одмазда на Сит“ (2005)
Сепак, нејзините сцени, наводно, биле исечени од последната верзија на филмот од 2002 година и може да се гледаат само на изданијата со додатоци.


Нобле исто така се занимаваше со музика и настапуваше како Петси Ен Нобле во Велика Британија и САД во 1960-тите.
Таа исто така глумеше во полициската драма Strike Force, но и во многу други филмови и серии.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот краток филм „Мала шега“ влезе во официјална селекција на престижен филмски фестивал во Данска

Македонскиот краткометражен филм „Мала шега“ кој беше во конкуренција со 4140 кратки филмови од светот …