Јавноста зборуваше, а медиумите со денови објавуваа за сè што се случуваше во станот на Дедиње. Најпрвин за бегството од станот на нејзиниот љубовник, преку фрлањето работи низ станот, до пукањето во неа и самоубиството и нејзиното одење по улица додека целата крвава барала помош.
Ивана Панзаловиќ, српската актерка која пошироката јавност ја познава од хумористичниот серијал „Курсаџии“, во септември 2017 година, нејзиниот љубовник се обиде да ја убиеа потоа изврши самоубиство. Таа беше погодена со куршум во главата, по што следеа операции, но за среќа актерката се опорави.
View this post on Instagram
Покрај сите улоги што ги имаше, Ивана во јавноста остана запаметена преку црната хроника кога нејзиниот вереник Срѓан Ц. – угледен белградскаи пластичен хирург, веројатно во налет на љубомора испровоциран од жестоката расправија, се обиде да ја убие, а потоа изврши самоубиство. Откако поминаа три години, Ивана откри како гледа на сето ова од оваа временска дистанца и дали и се враќаат сликите од таа ужасна сцена.
View this post on Instagram
„Таа работа е дамно минато за мене и јас сум фокусирана на сегашноста, на иднината, на мојата работа. Всушност, не сакам да зборувам и не зборувам за тоа. Она што сега го работам е важно за мене и јас сум посветена само на тоа. Ме има само во сегашноста и гледам само кон иднината“, вели Ивана.
View this post on Instagram