(ФОТО) Жена за време на снежната олуја, која ја погоди Америка, се породила во автомобил

Породувањето е незаборавно искуство за секоја жена, но Кејтлин Вакина ќе има за што да им раскажува на своите внуци. Оваа жена се породила за време на снежна бура што погоди дел од САД, вклучувајќи го и Конектикат, каде што живее.
Кога сфатила дека е пред породување, таа и нејзиниот сопруг Дејвид влегле во автомобилот и се упатиле кон болницата. Но, таа не можела да издржи. Само што пристигнале пред болницата Бакус, Дејвид втрчал во неа и започнал да бара помош бидејќи Кејтлин раѓала на предното седиште во автомобилот.


„Втрчав во брза помош и реков: Жена ми раѓа!Се вратив до автомобилот а нејзините панталони беа спуштени и главичката почна да се ѕирка“, с еприсетил Дејвид за WFSB.
Медицинскиот персонал веднаш дошол на помош и му помогнал на бебето, во автомобилот, безбедно да пристигне на свет.


Фотографот од болницата Џеф Еванс снимил неколку неверојатни моменти на раѓање на девојчето во автомобилот затрупан во снегот пред болницата.
Новите родители на девојчето и го дадоа името Моли. И’ бебето и мајката добро се опоравуваат.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …