АКО БИДЕМЕ НЕОДГОВОРНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ОСТРИ МЕРКИ ПРОТИВ КОРОНА: Комисијата ќе предложи скратување на работното време на сите економски субјекти до 23. часот, забрана на организирање настани…

Комисијата за заразни болести ги чека бројките од викендов за да ги предложи новите мерки на владата…Не се најавува карантин но…
На утринскиот состанок во Комисијата за заразни болести се разговарало за низа мерки.
Целосна забрана за организирање на настани, скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот и капацитетот во јавниот превоз да биде исполнет до 50 отсто се новите предлог мерки кои биле донесени на денешниот утрински состанок со Комисијата за заразни болести информираше министерот Филипче.
Комисијата треба да донесе одлука викендов.
Предложено било да се воведе рестрикција на јавниот превоз, исто така студентите кои се 6 та година на студии ќе бидат вклучени во Инстититот за јавно здравје, кои ќе работат на епидемиолошките анкети.
По брифингот се обрати и претседателот на комисијата д-р Жарко Караџовски кој информираше дека не размислуваат за полициски час, но ако не се почитуваат мерките , рече дека не исклучуваат таква можност.
Караџовски предупреди дека се очекуваат и по 1 000 заразени дневно.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …