(ФОТО) Ќе успеат ли да ги раздвојат? Принцот Хари се враќа во дворецот, но Меган не е со него!

Откако со неговата сопруга Меган Маркл и синот Арчи се пресели од Велика Британија најпрво во Канада, а потоа во Лос Ангелес, каде го купија својот нов дом, се чини дека принцот Хари повторно се враќа во дворецот.
Според Us Weekly, се’ поизвесно е дека принцот Хари се подготвува да замине дома за да го помине Божиќ со кралицата Елизабета Втора и другите членови на кралското семејство.
„ Frogmore Cottage е подготвена за враќањето на принцот Хари во декември“, изјавил извор близок до принцот Хари, додавајќи: „Засега Меган се уште не одлучила дали ќе патува со Хари“.


Врската помеѓу кралското семејство и Хари и Меган е на разнишана земја откако во јануари објавија дека ги напуштаат сите кралски должности и го започнуваат животот од другата страна на океанот, далеку од нив. Тие ги завршија обврските во март, по што го започнаа својот нов живот со нивниот 17-месечен син Арчи во куќа во Монтесито, која ја купија за 14,65 милиони долари.
„Традицијата поврзана со празниците и семејството е нешто многу важно за него. Иако сè е неизвесно поради КОВИД, тој се надева дека Божиќ ќе го поминат заедно како семејство. Хари е многу близок со неговата баба и се надева дека ќе може да го одведе Арчи во Лондон за да поминат некое време заедно“, изјавил неименуван извор.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …