(ВИДЕО) ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПРИЗОР ОД БАЗЕН: Тренерот исчезнал под вода откако го грабнал КИТ УБИЕЦ!

Во познатиот аквапарк „Sea World“во Сан Диего, кит убиец, пред шокираната публика го нападнал тренерот и го повел на непланирано возење – под вода.
На самиот почеток на видеото, во десниот долен агол, тренерот скока во вода од грбот на китот убиец. Почнува да плива кон работ на базенот, а китот го следи, го фаќа за нозете и го вовлекува под вода.
Меѓу другите тренери настанува паника, удираат по работ на базенот за да го спасат колегата. Китот го пушта тренерот, тој излегува до базенот и накривнувајќи оди зад сценографијата на шоуто.
Ова е само еден од доказите дека можеби би требало да се забранат ваквите претстави со животни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …