(ФОТО) Памела Андерсон се омажила по петти пат и тоа за маж кој е постар од неа 22. години!

Секс симболот се омажил за филмскиот продуцент Џон Питерс…
Информацијата која одекна како гром од ведро небо е дека Памела Андерсон (52) се омажила, и тоа по петти пат. Секс бомбата се венчала на 20. јануари, во Малибу, за филмскиот продуцент Џон Питерс (74), потврдено е на сајтот „Пејџ сикс“.
За некои ова и’ не е големо изненадување бидејќи Памела и Џон се забавувале пред 30. години, а на годишнината од познанството се венчале.


„Тие припаѓаат заедно. Прекрасна холивудска романса“, рекол извор близок до парот.
Џон Питер ги продуцирал филмовите „Ѕвездата е родена“, и верзијата од седумдесеттите со Барбара Стрејсенд и Крис Кристоферсон, како и оваа модерната, со Лејди Гага и Бредли Купер.



Памела пред бракот со Џон Питерс била во врска со францускиот фудбалер Адил Реми (34).


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …