(ФОТО) Сакаат љубовта да ја крунисаат со брак но во тоа ги спречува нејзината вера!

Сите биле пресреќни кога тие двајца решиле да и дадат шанса на својата љубов…
Пејачот Блејк Шелтон и пејачката Гвен Стефани се еден од најслатките парови на светската музичка сцена. Двојката е во среќна врска веќе четири години и има многу гласини дека парот се верил и планираат свадба. Тие сè уште не го направиле тој чекор. Иако обајцата сакаат да стапат во брак, тоа не е можно затоа што Гвен не е целосно разведена од бившиот сопруг Гавин Росдел.
Блејк сакал одамна да ја запроси Гвен, но двајцата решиле да одат бавно бидејќи Гвен е католик. Гвен сака да се омажи во црква, но извор близок на парот изјавил дека бракот во моментов е невозможен заради нејзината вера и претходниот развод.

Конференцијата за католички епископи на Соединетите Американски Држави налага дека, доколку еден од брачните другари не е мртов, Црквата бара од разведените католичици да поднесат изјава за поништување на бракот пред да склопат друг, пишува Womans Healtmag. Пред да и се дозволи да се омажи за Блејк, Гвен мора да добие и црковен развод од Гавин.
Иако сè уште чекаат на венчавка, извор близок на парот вели дека двајцата веќе се доволно сериозни и меѓусебно се сметаат партнери за цел живот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …