Поранешниот голман на Сампдорија, Лацио, Торино и Бреша – Матео Серени, бил ослободен после девет години обвинување, на неговата поранешна сопруга, за сексуално малтретирање на нивната ќерка, јавуваат италијанските медиуми.
Овој пензиониран голман се развел од сопругата Силвија Канторо во 2009. година а таа го обвинила за злоупотреба на нивната ќерка во Сардинија, во текот на одморот истата година, што довело до судски спор во наредните девет години.
Серени ги негирал овие обвиненија уште од почетокот на судењето, а во 2015. година тој бил осуден на три и пол години затвор. После тоа, во 2017. година, судот ја прифатил неговата жалба и ја поништил одлуката.

Новото судење било закажано во Торино, при што истражниот судија Франческа Фирао го ослободила од наводните обвиненија, поради, како што било наведено, големиот притисок во судот и вон него на влијанието на сведочењето на ќерката.
Изминативе девет години, Серени немал никаков контакт со неговата ќерка, а по обвинувања во 2011. година, ја завршил кариерата.