„Кец на десетка“ вечерва во МНТ


Вечерва во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажана претставата „Кец на десетка“ од авторот Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов – Дац и Јордан Симонов.

Улоги:
Таткото Доксе – Александар Микиќ
Мајката Грациела – Тања Кочовска
Ќерката Ана – Нина Деан/Софиа Насевска-Трифуновска
Тоше – Ивица Димитријевиќ/Стефан Спасов


Извршен продуцент: Виктор Рубен
Сценограф: Татјана Блажевска – Христова
Костимограф: Ивана Каранфиловска – Уруговска

Насловна нумера „Кец на десетка“
Музика: Yazoo – Only You
Текст, аранжман и продукција: Александар Митевски
Изведуваат: Тања Кочовска, Нина Деан, Драган Спасов – Дац, Александар Микиќ и Ивица Димитриевиќ


Изработка на плакат: Срѓан Јаниќијевиќ
Инспициент: Александар Рајковски
Суфлер: Зорица Благоевска

Светло – мајстори: Игор Ѓеоргиев/Игор Митревски
Тон – мајстор: Александар Арсиќ
Гардеробер: Валентина Чонкова
Реквизитер: Златан Бојчевиќ
Фризер и шминкер: Бранка Пљачковска


Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде сѐ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод… Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина…

Билетите се по цена од 500 денари, и истите можете да ги набавите на билетарницата во МНТ и онлајн преку веб-страницата www.mnt.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на играниот филм „Објаснување за се“ утревечер во Кинотека

Во четврток, на 24 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот во Кинотека на …