(ВИДЕО+ФОТО) ОВОЈ ЧОВЕК ГО ПРОГЛАСИЛЕ ЗА ТАТКО НА ГОДИНАТА: И вие ќе се согласите кога ќе ја видите неговата објава!

Вистинската љубов се мери со дела а не со зборови. Подршката која му ја пружате на партнерот и неговата или нејзината кариера вреди повеќе од било што на светот.
Џорџ Кол е сопруг кој на сите би требало да им биде пример бидејќи безусловно ја сака својата сопруга Ејшел.
Ејшел е медицинска сестра која работи во повеќечасовни и често ноќни смени, а нејзиниот сопруг при тоа се грижи за нејзината емотивна благосостојба и нивните четири деца.
Кога Кол на Фејсбук ја споделил нивната приказна, многумина се поистоветиле со него и дале подршка на целото семејство.
„Кога ќе се ожениш со медицинска сестра, се жениш и со нејзината работа. Има многу пропуштени настани со децата и оброци со семејството. Длабоко во себе го прифаќате тоа и сфаќате дека тоа е нивна професија и страст“, ја започнал објавата.
Додека Ејшел работи до исцрпеност, нејзиниот сопруг ја подржува на секој можен начин.
„Додека мојата медицинска сестра спие, тивко ја чистам куќата,мијам садови, подготвувам јадење и перам алишта. Така е барем се чисто и подготвено пред таа да оди на работа“, напишал.


Кол исто така разбира колку е важна емотивната подршка.
„Кога ќе дојде дома ми раскажува каква и била смената. Ми зборува за пациентите кои умираат и што се’ прави за да им биде попријатно, а со сето тоа мора да се бори да не ги донесе тие емоции во нашиот дом. Ми се јавува наутро, 5. часа после смената. Тогаш и напоменувам дека е неверојатна мајка, медицинска сестра и сопруга. Дава 100 отсто од себе па така и мене ме мотивира. Знам дека освен што јас спијам сам и таа спие сама. Затоа се грижам креветот да биде направен кога ќе се врати дома“, продолжил.
Освен што се грижи за децата, им помогнува и во пишување на домашните задачи, го чисти домот, готви.
„Со децата пишувам домашно, подготвувам ручек и вечера за наредниот ден. Се’ само таа да не мора да се грижи за ништо. Ја сакам мојата медицинска сестра, мајка, сопруга и најдобра пријателка“, се зборови со кои ја завршил објавата поради која многумина му ја доделиле ласкавата титула „татко на годината“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …