(ВИДЕО) На споменикот на гробот монтирал буре со вино: За тие што ќе го посетуваат но и „за него“!

Синоќешното издание на РТЛ Директ на хрватската телевизија РТЛ донесе уште една необична приказна…
Драган Колесариќ од Хрватска е вистински хит на интернет. Овој 83. годишен старец од Местото Лундберг близу Вараждин (Хрватска) е познат по својата љубов кон виното и добрата чашка.Но, далеку од тоа дека може да се нарече алкохоличар или популарно наречен пијаница.Драган вели дека никогаш не бил пијан бидејќи знаел кога е доста.
Но,овој витален човек кога ќе почине сака неговите блиски да го паметат како шегобиец па затоа на споменикот и гробот кој веќе е „спремен“ монтирал буре со вино на кој ставил и чеп.Намерата му е кога блиските ќе дојдат на неговото вечно почивавиште да се напијат добро вино, но и да му турат некоја капка и нему „таму долу“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …